вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 70
home Вести

Манојлоски: Единствената реформа во здравството за време на владеењето на СДСМ, се тендерите во четири очи

Манојлоски: Единствената реформа во здравството за време на владеењето на СДСМ, се тендерите во четири очи

ВМРО-ДПМНЕ и истражувачкото новинарство во повеќе наврати откриваше коруптивни скандали  во здравството по седнувањето на министерот за здравство Венко Филипче во неговата фотелја. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски на денешната интерпелација на владата на СДСМ излезе со информации за низа тендери склучени во четири очи.

Манојлоски ја обелодени точната вредности на тендерите, датумите и клиниките за кои овие набавки се наменети.

-Ветив дека ќе кажам како се направени тендери во четири очи и со цифри, конкретно. Шест јавни набавки во вредност од 250.000 евра. Jавна здравствена установа Универзитетска клиника за дигестивна хирургија 13.03.2018 година 3.953 милиони денари набавка во четири очи. Јавна установа Клиника за трауматологија ортопедски болести, анестезија и реанимација 22.02.2018 добила набавка на медицински материјали во вредност од 254 илјади денари. ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, Скопје 06.03.2018 година, набавка во висина од 959 илјади денари. Затоа треба министре да си поднесете оставка. Ова е единствената реформа во јавното здравството во времето на СДСМ, вели пратеникот.

Интересно е што според некои информации кои веќе подолг период кружат во јавноста и медиумите Ирина Пановска се исклучително блиски со новиот министер за здравство, а меѓу другото е одлична пријателка со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Јавноста шпекулираше дека кадровата одлука за Венко Филипче кој ненадејно беше избран за министер за здравство, произлегува токму од блиските релации на горенаведените личности.

Веледрогеријата Др. Пановски и таткото на сегашната директорка на хематологија, јавноста ја поврзува како фирма блиска до СДСМ.

Токму против Ирена Пановска, антикорупциска водеше постапка поради сомнеж дека таа ја злоупотребувала својата позиција на директор бидејќи главниот добавувач на лекови, опрема и медицински средства на клиниката за хематологија е фирмата на нејзниот татко т.е. веледрогеријата „Др. Пановски“.

Коронавирус