вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 81
home Вести

Манојлоски: Додека народот од ден во ден се повеќе се труе, СДСМ и блиските нивни соработници заработуваат од горењето на увезениот отпад

Манојлоски: Додека народот од ден во ден се повеќе се труе, СДСМ и блиските нивни соработници заработуваат од горењето на увезениот отпад

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски изрази револт и незадоволство од работата на сегашната власт и актуелниот заменик министер за животна средина, Јани Макрадули. Манојлоски му посочи на заменик министерот дека во текот на кампањата на СДСМ за претходните парламентарни избори, Макрадули и низа други актуелни политичари од редовите на СДСМ пропагирале став дека воздухот ќе се исчисти со самото менување на власта.

Манојлоски напомена дека Макрадули како заменик министер на министерството за животна средина не реагирал на масовната дива сеча на дрва на падините на Попова Шапка во Тетово, која придонела за енормно загадување на градот Тетово, кој е на врвот на најзагадените градови во Европа веќе неколку месеци наназад. Иако неколку невладини организации апелирале и побарале реакција од надлежните институции, сепак институциите останале неми на барањата и не се заложиле за решавање на проблемот.

“Тетово стана град на ѓубрето и град кој има најзагаден воздух во Европа, а вие додека организацијата наречена Еко герила ви укажуваше на сите работи кои треба да се превземат за подобрување на воздухот, се обидувавте да ги замолчувате со нудење на одредени средства. Исто така сакам да Ве прашам колку инспекции има низ Тетово, колку казни или предупредувања се напишани? Дали само Југохром беше загадувач на воздухот или пак некому само тој бодеше очи? Срамно е што правите селекција при неутрализирањето на загадувачите. Очигледно некој има придобивки од масовното труење кое го предизвикувате низ Тетово и целата држава”, истакна Манојлоски.

Ова што се случува во државата е здравствен геноцид врз сопствениот народ. Ваквиот несериозен пристап и нерешавањето на вакви круцијални проблеми кои ги засегаат сите граѓани покажува дека СДСМ и Макрадули како заменик министер воопшто не се интересираат, односно ги интересира само на каков начин да дојдат до пари. Тоа се пари кои што тие ќе ги уживаат, додека народот ќе се труе од ден во ден и ќе се зголемува статистиката на заболени од канцер, кој се повеќе појавува како резултат на енормното загадување, заврши Манојлоски.