сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 76
home Вести

Манојлоски до власта: Сакате да ја демонстрирате волјата на малцинството граѓани излезени да гласаат врз волјата на мнозинството кое што од свои причини не излегле

Манојлоски до власта: Сакате да ја демонстрирате волјата на малцинството граѓани излезени да гласаат врз волјата на мнозинството кое што од свои причини не излегле

Многу битна работа која јавноста не треба да ја заборави е тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е прва партија во Република Македонија која што иницираше да се донесе национална определба за евроатланска интеграции, додека во тој момент, очите на поголемиот дел на СДСМ сеуште беа вперени кон Белград, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски, во дебатната емисија на телевизијата Клан Македонија.

Дискутирајќи и за пораките кои меѓународната заедница ги испраќа до македонската јавност за прифаќање на договорот со Грција, а во последно време исклучиво до пратениците, Манојлоски истакна дека, пораките секогаш се добродојдени но одлуката на народот е таа и никој не може да оди против волјата на народот.

– Пораките секогаш се добродојдени но одлуката на народот е таа. Законски референдумот нема цензус, никој не може да оди против волјата на народот. Нема законски цензус за исполнување на бројката 903 илјади гласачи. Доколку имаше цензус немаше да има дилема дали ќе се гласа. Нема цензус, немаме мандат да го подджиме тоа, рече Манојлоски.

Во однос на ова, тој, на соговорниците претставнивници од владејачкото мнозинство јасно им посочи дека не успеле да ги убедат сите граѓани во Македонија дека договорот што го постигнаа е корисен, дека договорот е добар и дека сите треба да излезат на референдумот и да дадат поддршка на договорот.

Манојлоски се надоврза и на повиците што власта ги упатува до опозицијата за поддршка на уставните измени а при тоа владејачкото мнозинство за цело ова време ја користеше секоја можност и прилика да демонстрира дека не и е потребна опозицијата корисрејќи го секој простор и со просто мнозинство, кршејќи Устав и закон, секогаш ги спроведуваа наумените чекори.

– Од аспект на тоа што како опозиција не повикуваат да ги подджиме овие уставни измени, секогаш каде што имавте простор и со просто мнозинство да го направите тоа со кршење на закон, на Устав, го правевте. Вие демонстриравте дека не ви е постребна опозицијата. Гледајќи дека имате неуспех на референдумот наеднаш ја повикувате и опозицијата. Околу волјата на граѓаните, точно е 600 илјади гласаа но милион и 200 илјадине излегоа. Вие сакате да ја демонстрирате волјата на малцинството изезени граѓани да гласаат врз волјата на мнозинството кое што од некои свои причини не излегле. Тој факт е неоспорен и не треба да се заборави. Дури и нашиот претседател кажа, доколку има цензус ние ќе гласаме, но немавте цензус. Не успеавте да ги мотивирате граѓаните да излезат да го поддржат овој договор, истакна Манојлоски.

Тој децидно рече дека нема да поддржи промена на Устав со цел промена на уставно име бидејќи немал мандат за тоа.