недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Манојлоски до СДСМ: Законските измени во здравството кои ги предлагате се за да ги задоволите партиските апетити

Манојлоски до СДСМ: Законските измени во здравството кои ги предлагате се за да ги задоволите партиските апетити

Очекував дека прва точка на дневен ред ќе биде зголемување на платите на лекарите и зголемување на цената на капитациониот бод, но очигледно е дека сите законски измени кои се предлагаат се за да ги задоволите партиските апетити и да ги инсталирате вашите партиски кадри, како што впрочем гледаме со поставувањето на менаџери во Берово, Пехчево на несоодветен медицински кадар да управува со медицинските установи, изјави на денешната собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски.

Тој посочи дека се ветуваше целосно бесплатно болничко лекување за сите осигуреници и тоа во првите 6 месеци, а еве по две години на седница на предлог Закон за здравствена заштита истото не е ставено на дневен ред. Манојлоски потенцираше дека исто така СДСМ вети и покачување на основната плата на сите здравствени работници за 15% во првите 6 месеци, но тоа го нема ни по две години.

– Сите ветувања кои што ги давате кон здравствените работници треба да се исполнат. Сите здравствени работници чекаат да се зголеми основната плата. Никој од вас не излезе тука да критикува и да каже колку лекари заминаа затоа што дојде живот, а бројката во 2017 е најголема досега, во 2018 ќе биде уште поголема, баш затоа што дојде живот лекарите и здравствените работници заминуваат затоа што многу се вети, а ништо не се исполнува, нагласи Манојлоски.

Коронавирус