среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Манифестацијата „Напред розово“ по десетти пат во Скопје

Манифестацијата „Напред розово“ по десетти пат во Скопје

Во Градскиот парк во Скопје денеска по десетти пат ќе се одржи манифестацијата „Напред розово“ чија цел е да се подигне свеста во борбата против ракот на дојка.

„Напред розево“ е уникатен настан кој ги обединува сите кои ја преживеале болеста, нивните пријатели, како и сите граѓани на Македонија. Со „Напред розево“ веќе десет години здружението „Борка“ и Македонија се дел од големото светско семејство на борци против ракот на дојка.

Настанот ќе се одржи пред Школка во Градскиот парк, каде, како што е најавено, обраќања ќе имаат американскиот амбасадор Џес Бејли и неговата сопруга Капи Полк Бејли, министерот за здравство Венко Филипче, Марина Цигарида од АВОН и Биба Додева, претседател на „Борка“.

Групата „Трка за надеж“ ќе го завршат трчањето на Скопскиот Маратон во трчање на местото на настанот и ќе им бидат врачени „медал на честа“ на 10-те жени и мажи, кои се избориле со рак на дојка за нивната посветеност во кампањата „Напред розово“.

Сите учесници на „Напред розово“, меѓу кои има пациенти со рак на дојка, преживеани, тркачи и сите учесници заедно ќе ја почнат симболичната Розова прошетка.

Предвидена е забава со танчерската група „Зумба“ и настап на познатите музичари како што се Каролина, Маја Гроздановска, Елена Петреска, Елена Ристеска, Мијата, Тања Кочовска, Бени Шакири, Пере Нокаут, Александар Митевски.

Коронавирус