четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 111
home Вести

Маневски: Законот за ЈО е најзначаен закон за функционирањето на државата, зошто тогаш толку брзаат да го изгласаат?

Маневски: Законот за ЈО е најзначаен закон за функционирањето на државата, зошто тогаш толку брзаат да го изгласаат?

Во вечерашната емисија “Отворено” на 24 телевизија на тема “Ќе одат ли криминалците таму каде што им е местото” Михајло Маневски истакна дека не треба да се брза со донесувањето на законот за јавно обвинителство, кога се работи за најзначаен закон за правилно функционирање на една држава и кога и европската комисија и еврокомесарот велат дека не е услов за влез во ЕУ.

-Законот за јавно обвинителство задира во најзначајните елементи во функционирањето на една држава. Јас сум учествувал во донесувањето на повеќе вакви закони и секогаш тоа одело тешко. Јас кога дојдов на министерското место за правда, првата работа за која што се зафатив беше законот за обвинителство и верувајте година ипол работевме на тој закон. За тој закон се одржаа незнам колку советувања, контакти, експерти, прибавени експертизи и така натаму. Министерството за правда кога го подготви тој закон во една верзија, го достави до Венецијанската комисија, каде што беше оформена една група која го проучи законот, а заедно со законот за ЈО одеше паралелно и законот за советот на јавни обвинители во пакет. Така што Венецијанската комисија го разгледа законот и откако заврши таму расправата, овде во Република Македонија буквално уште неколку месеци го уредувавме законот одредба по одредба заедно со опозицијата. Имавме неколку средби на највисоко ниво и дојдовме до концензус за донесување на ваков закон, рече Маневски.

Коронавирус