вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 92
home Вести

Маневски: ВМРО-ДПМНЕ бара закон за ЈО кој ќе одговара на европските закони

Маневски: ВМРО-ДПМНЕ бара закон за ЈО кој ќе одговара на европските закони

ВМРО-ДПМНЕ бара закон за ЈО кој ќе одговара на европските закони, истакна Михајло Маневски вечерва во “Отворено” на 24 телевизија.

-Одредбата од членот 110 од законот за ЈО е една натрупана одредба, напола јасна и неразбирлива, а што ќе биде целта нејзина никој не знае. Член со двојно значење. За едни “бомбите” ќе бидат докази, а за други индиции. Значи до сега тие “бомби” беа докази во кривичната постапка, а од сега кога ќе се донесе овој закон “бомбите” ќе бидат само индиции. Едните со помош на “бомбите” ќе ги осудиме, а другите што се три метри подоле во друга судница и нивните случаеви почнале подоцна кога “бомбите” не се веќе докази, туку индиции нема да ги осудиме. Ова ќе го искористат многу луѓе кои се огрешиле пред законот. ВМРО-ДПМНЕ бара закон за ЈО кој ќе одговара на европските закони, истакна Михајло Маневски вечерва во “Отворено” на 24 телевизија.

Тој рече дека еднаш мора да се стави крај на ваква правда и на вакво судство. Според него, неприфатливо е еднаш нешто да претставува доказ во кривична постапка, а по неколку години пу-пу не важи тоа и се донесува закон да не важат тие докази.

-Па со тие бомби СДСМ дојде на власт, толку се бореа тие да бидат доказен материјал. Па, и монтираа, лепеа, сечеа разговори. Од разговор за Мартин Нешковски долг 13 минути, оваа власт скрати, залепи и направи разговор од 3 минути. Кој го направи тоа? Е затоа од 66-то место за корупција во 2014-та година, сега Македонија е на 106-тото. Што направи оваа власт за неполни 4 години мандат? Ништо и плус ја уназади демократијата и економијата, рече Маневски.

Коронавирус