сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Маневски: Со овој капитулантски договор Зоран Заев не’ сведува на народ без корени, на измислен народ

Маневски: Со овој капитулантски договор Зоран Заев не’ сведува на народ без корени, на измислен народ

Изродите се полоши и физички и морално од своите предци од одредена заедница. Изродот е расипана лоша единка од својот род (македонски дигитален речник). Според бугарскиот речник, изрод, тоа е единка која со своите дејствија грубо ги нарушава човешките или моралните норми на општестввото. На англиски  тоа се ословува како degeneration, а на албански degjenerik, пишува поранешниот министер Михајло Маневски во својата колумна за Република.

Тој вели дека токму тоа е слика и прилика на претседателот на Владата Зоран Заев, на министерот за надворешбни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. На овие предавници сите овие атрибути на изроди совршено им прилегаат. Но, на политичар и носител на државна функција не му доликува да биде изрод и предавник.

Маневски прашува кој му дал право на Заев да потпишува смртна пресуда на македонската држава и македонскиот народ и да гази по коските на стотици илјади Македонци и Македонки кои се бореа и со својот живот платија за Македонија.

-Со срамниот капитулантски договор се брише се што е македонско. Се бришат и мора да се сменат имиња на сите улици, плоштади, мостови, лични карти, патни исправи, возачки дозволи, сообраќајни дозволи, изводи од матични книги, имотни листови, имињата на сите институции на централно и локално ниво, на Владата, Собранието, Претседателот на Републиката, министерствата, агенциите, фондовите, јавните претпријатија, МАНУ, МРТВ, имињата на повеќе илјади фирми, Универзитетот. Факултетите, установи или организации што го сордржат терминот Македонија, артефакти, музејски експонати и споменици, ќе се ставаат плочки, како што нацистите на евреите им ставаа значки, дека тоа се дел од хеленската култура. Ќе не тресат грчки комисии и ќе бараат иредентизам во школските учебници, во музеите, литературата, филмот, историографијата, фолклорот, музиката, културата, традицијата, обичаите, песните. Играните филмови Црно семе, Големата вода, Црвениот коњ и многу други, ќе  се стават во бункер, ако може во пештерата Врело во Матка, длабоко во водите, никогаш да не испливаат. Нема македонска кинематографија, нема документарни филмови за злосторствата на андартите врз македонското население и сето тоа треба да се уништи и да се заборави, како да не постоеле, вели Маневски.

Поранешниот министер апелира Македонците да се освестат.

-Ја бришат нашата држава Република Македонија, со некакво ново име Северна, што означува област, а не држава, како што наведе професорката Гордана Давкова Силјановска. Овој пат дефинитивно не бришат од картата на народи. Го бришат од картата македонскиот народ, исконски народ кој со својата писменост и култура извршил одлучувачко влијание на културно и просветно ниво во повеќе држви во Европа. За ноторни лажговци и предавници од типот на Зоран Заев нема ништо македонско. Се е хеленистичко. Со овој капитулантски договор Зоран Заев не сведува на народ без корени, на измислен народ. Народ без корени, не е народ. Тој станува аморфна маса. Тоа сака да не направи предавникот Зоран Заев и неговото злосторничко здружение. Грците користеа повеќе од стотина експерти од земјата и странство, а Зоран Заев се сведе на анонимусите Бојан Мариќиќ, Зоран Башановиќ и Дане Талески. Грците ги користат сите средства. Пред дваесетина години се обидоа да го подкупат  Киро Глигоров со над 1 милион долари, пишува Маневски во својата колумна.