среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Манева-Чупеска: Царовска прво да воведе реформи во самото министерство, а во образовниот процес не треба да се брза

Манева-Чупеска: Царовска прво да воведе реформи во самото министерство, а во образовниот процес не треба да се брза

Мислам дека целата оваа концепција и стратегија, морам да признам дека премногу агресивно се наметна во интелектуалната јавност. Ние имаме интердисциплинарност, како професори предаваме на нашите студенти знаење за ликовно и за дизајност, за ликовната уметност и дизајн, меѓутоа интердисциплинарно секогаш има конекции и со другите области. Значи јас велам дека треба да се прави разлика од интеграција и интердисциплинарност, појасни универзитетски професор и ликовен уметник, Јана Манева – Чупеска во емисијата „Што не е јасно“.

Манева – Чупеска додаде дека интердисциплинарноста е основна педагошка, универзитетска како сакате пристап и спојување на повеќе области каде што вие на студентот или на учениците во основното образование вие ќе им дадете широка рамка на објаснување.

– Јас лично сметам дека и неколку пати кажав на онлајн дебатите кои што ги организираше Лазе Трипков каде што присуствуваше и министерката Мила Царовска да не се брза со вакви сериозни резови затоа што ќе има сериозна последица врз децата, нагласи Манева-Чупеска.

Манева-Чупеска посочи дека треба да се започне со реформа прво во министерството за образование и наука, истото треба прво да се преименува во министерство за образование, наука и уметности.

ЕУРО 2020

Македонија