понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 144
home Вести

Манчевски призна дека во администрацијата е направен хаос

Манчевски призна дека во администрацијата е направен хаос

Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација вчера гостуваше во емисијата „Печат на неделата“ каде што говореше за состојбата со администрацијата.

Манчевски изјави: „Ако е каша кај вас во главата од сето тоа што е во тек или што се правело и треба да се направи, можете да замислите како е кај нас. Затоа што министерството и називот кажува не е само овој дел туку и многу работи“.

Тој додаде дека министерството повеќе се фокусира на законските и подзаконските акти на класичниот дел од администрацијата, а не толку многу на тоа што на граѓаните ќе им го смени впечатокот на администрацијата, односно како тие ќе добијат подобри услуги. И поради тоа затоа ако се гледа на одредени сегменти нема да дојдеме до саканите цели.