недела, 19. мај 2019. Вести денес: 67
home Вести

Манчевски призна дека не е задоволен од својата работа, образованите кадри си бегаат од администрацијата посебно од министерствата

Манчевски призна дека не е задоволен од својата работа, образованите кадри си бегаат од администрацијата посебно од министерствата

Во вчерашното интервју на 1ТВ министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски призна дека квалитетни и образовани кадри бегаат од министерствата и не сакаат таму да работат.

„Голем број на луѓе си одат, ги напуштаат особено министерствата. Имаат контакт со меѓународни организации, имаат контакт со приватен сектор, имаат контакт со невладини организации, со стопански комори кои што ги идентификуваат како квалитетни кадри им даваат понуда која што нормално повеќе плаќаат отколку што можеме ние и тие луѓе си одат. Во министерствата имаме едвај 4.000 луѓе во сите министерства, во сите подрачни единици вкупно“, истакна Манчевски во интервјуто на 1ТВ.

Во интервјуто министерот Манчевски призна дека никогаш не е задоволен од својата работа.

„Не мислам дека сум најдобар што може да ја врши оваа работа, секако има и други, никогаш не сум и нема да бидам задоволен од мојата работа“, истакна Манчевски.