вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 139
home Вести

Манчевски призна дека е направен пазар со пратениците за промена на името

Манчевски призна дека е направен пазар со пратениците за промена на името

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, вечер како гостин во емисијата Анализа на 24 вести, потврди дека СДСМ направил политички пазар за гласовите на пратениците за промена на името.

Тој вели, кога се прави помирување на било која тема,  исто како кога се прави договор со Грција, треба да се прават одредени компромиси. „Втората алтернатива беше сите да си останат во притвор, да си тече процесот и да си одлучи судот и никогаш да не влеземе во Европската унија и НАТО. Тоа е времето такви бе опциите и требаше да се направи избор. Да имавме некаква друга опција истото ќе беше земено во предвид.“

Точно е вели Манчевски дека направивме правен преседан, алудирајќи на Законот за амнестија  кој што се донесе во собранието за кој опозицијата обвинуваше дека е селективен опфаќајќи ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои беа вклучени во настаните на 27 април.

Манчевски вели дека не постоела друга можност ако не било одбрано амнестирањето како опција,  другиот избор ќе бил не влегување во НАТО и ЕУ. Тој јасно потврди дека станува збор за политички пазар со гласањето за Законот за амнестија и потребното двотретинско мнозинство за промената на името.

Тој вели сега требаше да им кажеме на граѓаните збогум за ЕУ и НАТО и затоа има одредена цена и одреден компромис кои мора да бидат направени, во случајот амнестирање на пратениците кои беа вклучени во настаните за 27 април за глас плус за уставните измени.