четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Манчевски најави масовно отпуштање во јавната администрација, ако СДСМ победи на изборите таа ќе се намали за 20 проценти

Манчевски најави масовно отпуштање во јавната администрација, ако СДСМ победи на изборите таа ќе се намали за 20 проценти

Изминативе три години македонската јавност беше сведок на масовно партизирање на јавната администрација, потврда за тоа е и последната анкета во која дури 80 проценти од граѓаните сметаат дека јавната администрација е партизирана, додека пак 35,6 процнети од граѓаните сметаат дека јавната администација повеќе партизира денес отколку пред 5 години.

Партиските огласи не запреа дури ни во периодот на вонредна состојба и епидемија на коронавирусот, па така повеќе општини во кои на чело се градоначалници на СДСМ не се откажаа од привремените вработувања и милиони евра беа алоцирани за партиски вработувања.

За иронијата да е уште поголема, министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски денес најави дека во новата програма на СДСМ која ќе се имплементира доколку победат на изборите бројката на вработени во јавната администрација ќе се намали за високи 20 проценти.

-Партијата од каде што доаѓам во нашата изборна програма еден од предлозите ни беше дека ќе се намали бројот на вработени во јавниот сектор за 20 проценти. Значи ние конкретно излеговме со предлог, со конкретна бројка базирана на оние анализи со кои што веќе располагаме и знаеме дека можеме да направиме некаков исчекор, вели Манчевски.

За тие што ќе го напуштат јавниот сектор, Манчевски најави дека ќе имало утешни отпремнини.

Коронавирус