На денешната седница во Собрание на Република Македонија, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ванковер Манчев, посочи дека оваа влада го уништи здравствениот систем.
-Во текот на оваа Влада се променија двајца министри за здравство и двајца заменик министри за здравство. Ова е третиот предлог за заменик министер за здравство. Ништо значајно не се промени во здравството. Ветувавте здравство за сите и за пациентите и за докторите подобро, но напротив од ден на ден здравството е се полошо, нагласи Манчев.
Манчев додаде дека ниту едно ветување на власта за здравство не се оствари, за жал ниту едно.
-Така да дали името ќе се вика А или Б, оваа Влада нема идеја како со здравството. Имаме само празни ветувања кои што се чудам како не ретерирате од нив кои што упорно ги повтарате, поништени тендери и незадоволни пациенти, истакна Манчев.