недела, 5. јули 2020. Вести денес: 139
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Манчев: Ниту еден амандман на опозицијата од областа на здравството не е прифатен, ниту вметнат во новиот буџет

Манчев: Ниту еден амандман на опозицијата од областа на здравството не е прифатен, ниту вметнат во новиот буџет

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ванковер Манчев од Собраниската говорница посочи дека ниту еден од 20-те амандмани на опозицијата од областа на здравството не е прифатен ниту пак вметнат во новиот буџет. Имено во моментот е актуелна епидемијата на морбили во државата, која е резултат на недоволната вакцинација на децата, пратеникот го напомена буџетот наменет токму за оваа намена. Манчев напомена дека за наредната година не е зголемен буџетот за вакцинација, а наброја и неколку вакцини кои пациентите на јавното здравство ќе треба од свој џеб да ги плаќаат.

-Само да напоменам имавме предложено со колеги 20 амандмани од областа на здравството, ниту еден не е вметнат во новиот буџет. Ќе напоменам дел од нив. Еве зборевте дека се покачил буџетот за вакцинации. Еве пред јавноста сега кажете дали во 2019-та година бесплатно ќе има вакцинација за грип кај пензионерите. Или дали ќе биде бесплатна вакцинацијата против рота и стрептокока вирус кај децата? Бидејќи нели зборувате дека е покачен буџетот за имунизација, тоа би значело дека таа вакцина ќе биде бесплатна не како досега да ја плаќаме, вели пратеникот.

Парламентарни избори 2020