петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Манаскова: Во Буџетот за 2019 година, ниту еднаш не е спомната Виница

Манаскова: Во Буџетот за 2019 година, ниту еднаш не е спомната Виница

Магдалена Манаскова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет посочи дека во изминатите два дена, пратениците во најголем дел се осврналњ на позитивните и негативните параметри од новиот Буџет за 2019 година.

-Вообичаено при носењето на Буџетот секоја година посебно се осврнувам на мојот град Виница, презентирајќи ги на моите сограѓани проектите од Буџетот кои што се однесуваат на Општина Виница. Оваа година за жал од мојот говор ќе го изоставиме тој дел од една единствена причина што во Буџетот за 2019 година, ниту еднаш не е спомната Виница, образложи Манаскова.

-Само еднаш во дел за дотации што нели е неизбежно. Но не можев да најдам ниту еден друг проект улица, градинка, што и да е било каков проект кој што би можела да им го посочам на моите сограѓани, потенцира Манаскова.

Коронавирус