вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 151
home Вести

Манаскова: ВМРО-ДПМНЕ е против партиски закон за Јавно обвинителство кој ќе штити одредени партиски криминални структури

Манаскова: ВМРО-ДПМНЕ е против партиски закон за Јавно обвинителство кој ќе штити одредени партиски криминални структури

Јасен е ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу законот за Јавно обвинителство. Ние апсолутнио не сме против таков закон и во таа насока сметаме дека треба да се донесе, но не да биде и услов за предвртемените избори . ВМРО-ДПМНЕ е против партиски закон за обвинитеслтво. Ние сметаме дека предложениот закон по кој што се дебатираше во собранието, претставува можност за заштита на одредени криминални структури, децидна е пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова.

Таа рече дека на таков закон апелираат и сите релевантни фактори и експерти во државата. Затоа, смета таа, овој закон мора да биде производ на консензус. -ВМРО-ДПМНЕ смета дека тој закон мора да биде во дослух со експертската јавност. Ние затоа предлагаме законот за ЈО да дојде од експертите од правни факултети кои учествуваа во јавната дебата, кои се релевантни и имаат искуство од оваа материја и сите забелешки во однос на законот, не е дека само ВМРО-ДПМНЕ е има забелешки, да се вметнат во новиот закон за ЈО кој треба да биде надпартиски. Тогаш тој закон ние ќе го прифатиме, затоа што на тоа се обврза ВМРО-ДПМНЕ, рече Манаскова.

Коронавирус