среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 164
home Вести

Манаскова: Владата на СДСМ не прави ништо добро за граѓаните на Македонија

Манаскова: Владата на СДСМ не прави ништо добро за граѓаните на Македонија

Магдалена Манаскова, пратеничка во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница постави три прашања до актуелната влада на СДСМ. Според нејзе членовите за комисијата за историско и археолошки образовни прашања кои произлегува од Преспанскиот Договор се избрани во тајност, запрашувајќи врз кои критериуми се избрани и зошто за истата немало јавен оглас.

Врз основа на кои критериуми е избраната нашата комисија, дали имаше јавен оглас и кој одлучи за составот на комисијата? Зошто овој процес повторно беше обвиткан во непотребна тајност, праша таа.

Второто прашање го постави до министерот за култура а се однесуваше на националната стратегија за развој на културата.

Во ребалансот кој што моментално се разгледува во Собранието, во областа финансирање на дејности во области на културата заштита на културно наследство, забележуваме дека се кратат 87 милиони денари. Во исто време на последната владина седница на барање на министерот е донесена одлука основање на нова национална институција национален театар во Гостивар за која се издвојуваат 20 милиони евра. Моето прашање е како е ова приоритет кога и во националната стратегија за култура вие нотирате дека изминатите години најголем дел од Буџетот во дејноста бил насочен кон изградба на нови објекти и ова го нотирате како негативна работа. Значи како може ова да биде приоритет, кој ја направи анализата и врз основа на што е донесено дека ова е приоритет пред заштита на културното наследство кое се крати, вели Манаскова.

Манаскова, третото прашање го упати до министерството за образование, односно дали истото министерство некогаш планира да одговори на пратеничкото прашање кое што таа го поставила на 31 мај а се однесувало за високото образование.

Коронавирус