петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 113
home Вести

Манаскова: СДСМ сака на сила да донесе заклучоци за надзорна расправа

Манаскова: СДСМ сака на сила да донесе заклучоци за надзорна расправа

СДСМ сака на сила да донесе заклучоци за надзорната расправа на тема „Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Македонија за проекти од национален интерес, со посебен осврт на Програмата за 2018 година“. Првото продолжение на оваа надзорна расправа се одржа на 13 март 2019 година. Од сеуште нејасни причини, претседателката на Комисијата за култура Ирена Стефоска, не закажа продолжение на надзорната расправа, за да се сослушаат останатите сведоци, би рекла клучни сведоци односно носителите на дејностите од областа на културата и корисниците на средствата, кои и најмногу реагираа на скандалозните програми во 2018 и 2019 година, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова која додаде:

„Освен тоа, пратениците кои учествуваа во првиот дел од надзорната расправа, до ден денес немаат добиено одговори на поставените прашања до надлежните претставници на Министерството за култура и членовите на стручните комисии. Уште поскандалозен е податокот дека дел од добиените материјали од страна на Министерството за култура, доставени до пратениците, претседателката Стефоска ги држи во фиока и не дозволува увид во истите.“

-Прашуваме, како да пристапиме кон носење на заклучоци после ваквиот недемократски пристап кон реализација на она што би требало да биде еден од врвните приоритети на секој пратеник – собранискиот надзор. Прекршувањето на процедурите во неколку наврати при реализација на надзорната расправа укажува на уште едно нарушување на функцијата на Собранието во системот на контрола. Собранието не треба да има само „симболична“ улога во собранискиот надзор, туку би требало да биде еден од камен – темелниците на претставничката демократија, потенцираше Манаскова.

Коронавирус