сабота, 28. март 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Манаскова: Откако СДСМ е на власт немаме раст на средствата кои што се наменети за инвестициски вложувања

Манаскова: Откако СДСМ е на власт немаме раст на средствата кои што се наменети за инвестициски вложувања

На денешната седница на Комисијата за буџет и финансирање се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова посочи дека откако СДСМ е на власт Буџетот расте во енормни размери, но за жал досега нема раст на средствата кои што се наменети за инвестициски вложувања.

-Дискутираме за буџетот како најважен документ кој што треба да ја води напред нашата земја во 2020 година, барем јас така го разбирам. Но за жал имаме документ кој што е креиран исклучиво за проекти кои на сегашнава владејачка структура ќе и купат уште малку време до следниве парламентарни избори, истакна Манаскова.

Манаскова додаде дека неколкуте дискусии за буџети на кои како пратеник од тогашната власт имаше учествувано во минатото, од страна на тогашната опозициска СДСМ беа без исклучок квалификувани како мегаломанско трошење на парите на граѓаните.

-А, денес сме сведоци откако е на власт СДСМ вкупниот износ на буџетот од година во година се зголемува. Што добивме и што имаме во реалноста? Во овие буџети кои што вие ги креиравте како Влада, ниту една година немаме раст на средствата кои што се наменети за инвестициски вложувања, појасни Манаскова. Манаскова рече дека во ниту една година не се остваруваат инвестициските вложувања. А, тоа е навистина тажнo, рече таа.