понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 142
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Вести

Манаскова до Заев: Со оваа ваша политика се обезвреднува фактот што еден народ пред 1945 одлучил да се нарекува македонски

Манаскова до Заев: Со оваа ваша политика се обезвреднува фактот што еден народ пред 1945 одлучил да се нарекува македонски

Магдалена Манаскова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до Заев поврзано со неговото интервју за грчката Алфа каде е изјавено дека:

„Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со превземање на светска, балканка и туѓа историја како наша без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика сотојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите проcеси за интеграција во ЕУ и Нато“

Па оттука прашањето на Манаскова беше на што конкретно мисли Заев ако знаеме дека проблемот наметнат од соседите датира уште од време на поранешна Југославија, што тоа од светската и балканска историја имаме преземено, точно конкретни примени и чија е таа туѓа историја што ние ја имаме присвоена како наша и кога тоа се случило.Имено нејзниното прашање се однесува на конкретни примери, учебници, научни трудови и друга релеванта историска литература.

-Дали можеби не мислите дека наместо да се дообјаснувавте после ова не требаше да следи извинувања од ваша страна, затоа што со ова политика се обезвреднува фактот што еден народ пред 1945 одлучил да се нарекува македонски, без притоа да има големи познавања ниту за антиката, ниту за словенската историја, туку едноставно повикувајќи се на колективната меморија, посочи пратеничката Манаскова.

Манаскова му порача на Заев дека можеби денес ќе има сили да го надмине историчарот и да се извините на сите.

Таа во своето обраќање упати и прашање до министерот Димитров кој е неговиот став по скандалот околу припадноста на Гоце Делчев.

Коронавирус