петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Манасиевски: СДСМ излажа, 7 месеци доцни пуштањето на В и Г блокот во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Манасиевски: СДСМ излажа, 7 месеци доцни пуштањето на В и Г блокот во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Студентите се излажани и изманипулирани од Владата предводена од СДСМ. Веќе трета година трае разочарувањето наречено „живот“, измина уште една година на понижувања и неостварени ветувања. Студентите како и сите граѓани на Република Македонија се изневерени од фунцкионерите на СДСМ кои единствено работат за своите лични и теснопартиските интереси, заборавајќи на на граѓаните и на студентите, рече на денешната прес-конференција, Валентин Манасиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

-7 месеци изминаа откако претседателот на младинската организација на СДСМ и директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски вети и ги излажа студентите дека во септември месец ќе бидат пуштени во употреба блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Студентите од студентскиот дом „Стив Наумов“ во септември требаше да бидат префрлени во новите блокови,а  еве измина уште еден месец од новата 2020 година, а тоа се уште се нема случено. Студенските денови студентите ги минуваат во мизерни услови, младите, иднината на државата немаат соодветни тоалети, немаат светла во бањите, постојат структурни проблеми во објектите кои го загрозуваат здравјето на студентите, проблеми со затоплување на собите, единствено нешто кое се промени е поставувањето на камери, камери кои снимаат директно во дупките на ѕидовите. Студентите во храната која им се сервира неретко пронаоѓаат бубачки, а таа не ги задоволува ниту хигиенските, ниту калоричните потреби на младите. Покрај катастрофалните услови во студентските домови, според сите истражувања квалитетот на нашето образование тоне, а младинската невработеност во Македонија е највисока во Европа. Младите си заминуваат од државата поради неспособните политичари, се евакуираат од Македонија во потрага по подобро утре. Да се потсетиме дека јавноста остана запрепастена по аферата „Кеш“ каде беа објавени сите енормно високи хонорари кој ги добивале вработените во СЈО на чело со сега веќе поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева која е во домашен притвор и обвинета во случајот „Рекет“ како и целиот тим зад неа, истакна Манасиевски.

Но, се ближи крајот, политикантите и транзиционите политичари кои што 30 години лебот го зароботуваа лажејќи ги граѓаните. На 12 април ќе победи обновата. Обновата за Македонија која ќе донесе подобро утре за секој млад човек, додава тој.

Коронавирус