среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 136
home Вести

МАН: Политички притисок и закана е обвинувањето на премиерот за новинар дека поставил нарачано прашање

МАН: Политички притисок и закана е обвинувањето на премиерот за новинар дека поставил нарачано прашање

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го осудува вербалниот напад на премиерот Зоран Заев врз новинар на Инфомакс за време на изјавите по извршниот одбор на СДСМ вчеравечер.

– Премиерот тврди дека е транспарентен, а обвинува новинари за нарачани прашања. Нема незгодни прашања, има прашања на кои секој избран или именуван функционер е должен да одговори во интерес на граѓаните. Политички притисок и закана е обвинувањето за новинар дека поставил нарачано прашање и дека правел конструкции.

– Прашањето на новинарот на инфомакс.мк не отстапува од било кое правило содржано во етичкиот кодекс на ИАБ, а беше во врска со можна “метла” за Кочо Анѓушев и нивото на реинвестиции од вкупната бројка на странските инвестиции.

Коронавирус