сабота, 24. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

МАН: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците

МАН: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците

Македонската асоцијација на новинари МАН остро го осудува нападот, заканите, заложништвото и попречувањето на екипата на ТВ21 да си ја врши својата задача од роднините на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими од СДСМ.

– Ги повикуваме министерството за внатрешни работи и јавното обвинителство без одложување да ги изведат пред Суд насилниците од Арачиново, за кои се знае дека се политички активисти. Градоначалничката Халими и партијата чии активисти се – веднаш и без одлагање самите да ги пријават насилниците и да се извинат до новинарската екипа и до вработените во ТВ21. Нема место за насилници во политиката, соопштува МАН.

За жал, констатираме дека состојбата со слободата на медумите не се подобрува, напротив се влошува. Заканите, нападите и притисоците се зголемуваат од ден во ден.

Македонската асоцијација на новинари, заедно со ЕФЈ и ИФЈ врши засилен мониторинг на состојбата со медиумите во земјава, особено за време на изборни процеси, кога новинарските екипи често се мета на напади, закани и насилства од политички активисти.