Македонската асоцијација на новинари (МАН) му го честита изборот на Младен Чадиковски за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
-Се надеваме дека со новото раководство ЗНМ ќе се фокусира на вистински реформи во медиумската сфера, заштита на новинарите од притисоци и подигнување на новинарските стандарди во работењето, што досега не беше случај, стои во соопштението на Македонската асоцијација на новинари.
Од таму изразуваат и жалење поради тоа што, како што велат, секое изборно Собрание на ЗНМ минува со интерни обвинувања за забрани, за притисоци, скандали, за сомнителни пребројувања и сомнителни резултати.