понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 64
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

МАН ја поздравува одлуката на АВМУ за донација за медиумите, МВР и Министерството за здравство

МАН ја поздравува одлуката на АВМУ за донација за медиумите, МВР и Министерството за здравство

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја поздравува одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за доделување финансиска помош – донација за справување со од коронавирусот (COVID-19), во вкупен износ од 105.000.000,00 (сто и пет милиони) денари за медиумите, МВР и Министерството за здравство.

МАН ја поздравува одлуката на АВМУ според којa најголемиот дел од средствата или 103.000.000,00 денари се доделуваат на радиодифузерите, како и одлуката по која по 1.000.000,00 денари се доделуваат на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство за опрема, превенција, спречување ширење и справување со последиците од коронавирусот.

Станува збор за значајно финансиско олеснување за медимите кое треба да овозможи пребродување на сериозната финансиска криза со која се соочуваат професиите од јавен интерес во вонредна состојба во услови на светска пандемија на корона-вирус, а тоа пред се медицинските лица, полицајците и медиумските работници.

МАН ја поддржува и кампањата “Купувајте македонски производи“, со цел да им се помогне на домашните производители да го задржат постојното производство и работни места, за да можат и медиумите да продолжат да функционираат врз основа на постоечките комерцијални огласувачи, за да може со заеднички напор да се помине оваа вонредна состојба во услови на светска пандемија.

МАН веќе побара од државата, во случајов од владата, да донесе во најскоро време одлука со која медиумите се ослободуваат од плаќање даноци и придонеси за своите вработени во време на заштитните мерки прогласени од почетокот на март па се до завршување на вонредната состојба.

Исто така владата да донесе одлука со која ќе врши субвенција, надомест на нето платите на новинарите, фоторепортерите, снимателите и нивната логистика во износ од 50% откако медиумите ќе бидат времено ослободени од обврската за плаќање на нивните даноци и придонеси.

Новинарите, уредниците, снимателите и фоторепортерите и во вие времиња на вонредна состојба и епидемија на заразен корона вирус ја вршат својата работа која е од јавен интерес и од која јавноста ги добива сите релевантни информации од кои зависи општата состојба во државата како и личната судбина на граѓаните.

Новинарите се на работни задачи кои не можат ниту да ги одложат, ниту да ги работат од безбедна дистанца, исто како и лекарите, медицинскиот персонал, полицијата или војската. Без нивната работа не би постоеле информациите и спроведување на одлуките од витален интерес за оваа кризна, вонредна состојба.

Коронавирус