вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Вести

МАН бара владата да обезбеди примарна вакцинација и за медиумските работници

МАН бара владата да обезбеди примарна вакцинација и за медиумските работници

Македонската асоцијација на новинари МАН бара од владата да се обезбеди примарна вакцинација за медиумските работници кои секојдневно се максимално изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот паралелно со вакцинацијата на медицинските лица и најзагрозената категорија на стари лица и изменоштени лица.

– Поради карактерот на извршување на работните обврски, новинарите – репортери, снимателите, фоторепортерите се секојдневно изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот. Затоа е неопходно да се изврши нивна имунизација заедно со примарните групи предвидени за вакцинација.

Македонската асоцијација на новинари МАН е подготвена да излезе во пресрет на владата обезбедувајќи листа на членови (медиумски работници) за кои е потребна итна имунизација.

Истовремено, МАН ги повикува своите членови кои сакаат да се вакцинираат против корона-вирусот да се пријават на официјалната емаил адреса на Македонската асоцијација на новинари ([email protected]) за полесна организација на самиот процес.

ЕУРО 2020

Македонија