понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 83
home Вести

Малите партии ја условуваат поддршката за новата Влада: Една изборна единица или предвремени избори

Малите партии ја условуваат поддршката за новата Влада: Една изборна единица или предвремени избори

Пет мали парламенатарни партии ја условуваат натамошната поддршка на новата Влада барајќи во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот закони, објави Телма.

Доколку тоа не се случи тие повеќе нема д абидат дел од владејачкото мнозинство што ќе доведе до распишување на предвремени парламентарни избори. Пратениците испратија и писмо до собранискиот спикер Талат Џафери од кој бараат да закаже седница на која ќе се расправа за предложените изборни правила.

Демократскиот сојуз, ДОМ, ЛДП, Вмро народна и Демократската партија на турците бараат веднаш да се закаже собраниска седница на која ќе се расправа за измените на Изборниот законик со кој е предвидено Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел без изборен праг.

Доколку до 15 април не се донесат измените тие ќе го напуштат владејачкото мнозинство и ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори.

Коронавирус