петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Малиновски: Начинот на кој се реши Мавровка покажува дека институциите се немоќни и не може системот сам да превенира

Малиновски: Начинот на кој се реши Мавровка покажува дека институциите се немоќни и не може системот сам да превенира

Во утринската емисија на ТВ 24 гостуваше Драган Малиновски, адвокат и поранешен член на ДКСК кој кажа дека случајот со Мавровка се решил на еден несоодветен начин.

-Сите знаеме и долго време се следеше уривањето на дивоградбата кај Мавровка. Знаете, тоа е многу специфичен, некој ќе рече “па добро ете се справи се реши проблемот дивиградбата е отстранета“. Да, се реши проблемот меѓутоа по мое убедување се реши на несоодветен начин, потенцираше Малиновски.

Тој истакна дека тоа покажува дека инстутциите се немоќни и дека е знак дека не може системот тоа сам да го превенира што претставува голем проблем.

-Не може за еден таков случај да одлучува Владата и со ад хок решенија да задолжи некое јавно претпријатие, не знам, Македонија пат или било кој да го урива тоа. Тоа е едноставно констатирање дека институциите се немоќни и не може системот сам да го тоа прво превенира, а понатаму ако сепак се изградило да се отстрани тој објект во процедура која би требало да функционира како за сите објекти, појасна Малиновски.

ЕУРО 2020

Македонија