петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Малчевски: ВМРО-ДПМНЕ има една делегација на конгресот на ЕПП, предводена од претседателот Христијан Мицкоски со право на глас и учество во официјалниот дел од настанот

Малчевски: ВМРО-ДПМНЕ има една делегација на конгресот на ЕПП, предводена од претседателот Христијан Мицкоски со право на глас и учество во официјалниот дел од настанот

Професорот Самоил Малчевски во своето вечерашно гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија ги разобличи лагите и манипулациите дека ВМРО-ДПМНЕ има паралелна делегација на конгресот на Европската Народна партија.

Имено тој посочи дека фактичката состојба е дека ВМРО-ДПМНЕ ја претставува само една делегација на конгресот на ЕПП, предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски која има право на глас и присуство на официјалниот дел од конгресот.

Додека на неофицијалниот дел како што се форуми, дискусии, дебати, панел дискусии може да присуствува било кој со уредно доставено барање испратено по меил.

Малчевски напомена дека и тој во минатото иако бил само обичен член на ВМРО-ДПМНЕ присуствувал на еден од конгресите на ЕПП.

-Фактичката состојба е дека ВМРО-ДПМНЕ ја претставува делегација и присуствува на официјалниот дел конгресот на Европската Народна партија, која што ја предводи Мицкоски, Николоски мислам дека во нејзе се и Ѓорчев и Тимчо Муцунски. И тие се единствените четворица кои што имаат право на глас на конгресот на Европска Народна Партија. Што е нечија желба? Нечија желба е да биде некаква си делегација и според мои информации, знаете како сите тие настани имаат официјален дел и неофицијален дел. Неофицијалниот дел се форуми, дискусии, дебати, панел дискусии во кои што е отворен дел. Оние неколку имиња кои што вчера се појавија во јавност кои што мислам дека сами си пуштаат информации дека се некаква си делегација. Апсолутно не е точно, затоа што официјална делегација е делегацијата која што ја предводи Мицкоски со право на глас и право да присуствува на официјалните настани. На оние настани на кои што се носат одлуки. А на настаните кои што се отворени за другите можеме и јас и вие на следниот конгрес на ЕПП да пратиме меил, да замолиме да ни дадат акредитација, чисто да присуствуваме на тие панел дискусии, на тие работни средби, истакна Малчевски.

Најнови вести

Коронавирус