сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 52
home Вести

Малчески: Се надевам дека помирувањето на Пендаровски нема да биде како помирувањето на Заев со спроведување на селективна правда

Малчески: Се надевам дека помирувањето на Пендаровски нема да биде како помирувањето на Заев со спроведување на селективна правда

Самоил Малчески во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, рече дека се надева оти помирувањето кое што го најави Стево Пендаровски нема да биде исто како помирувањето на Зоран Заев, кога под признакот помирување ги ослободи дел од учесниците од крвавиот четврток, бидејќи му биле потребни за гласање во Собранието за промена на уставното име на Македонија.

-Јас искрено се надевам дека Пендаровски под помирување не мисли на она „помирување“ кое што го спроведи Заев кога на криминален начин го менуваше Уставот на Република Македонија и тоа беше поистоветено со селективна примена на правда и амнестија, односно кого мислам ќе го амнестирам, кој ми треба за глас во Собрание по пижами од притвор ќе го донесам да гласа и тоа е тоа, вели Малчески.