недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Малчески: Од едно општество за сите, од СДСМ добивме една криминална банда за се

Малчески: Од едно општество за сите, од СДСМ добивме една криминална банда за се

Клучниот проблем зошто ние немаме датум за почеток на преговорите со Европска унија е суштинското отсуство на реформи. Па оние кои што се колнеа во извештајот на Прибе денеска не го ни спомнуваат истиот, а тој беше клучен и стратешки момент после 2016 година, вели Самоил Малчески, универзитетски професор во гостување во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24.

Малчески посочи дека политичкото насилие, пазарењето и поткупот на пратениците не се европски вредности кои што СДСМ ги промовира, потенцирајќи дека од едно општество за сите, граѓаните од СДСМ добиле една криминална банда за се.

Цената која што ја плативме е преголема и беше спротивна на волјата на народот јасно изразена на референдум, така да политичкото пазарење, поткупот на пратеници, политичкото насилие во собрание, не се европски вредности во кои што ние треба да веруваме, додаде тој.

Од едно општество за сите, од СДСМ добивме една криминална банда за се, рече Малчески.

Коронавирус