среда, 8. декември 2021. Вести денес: 77
home Вести

Максим Димитриевски следен од возило на МВР, застанат без образложение и земени документи: Ваква тортура не се правела никогаш, нека ви служи на чест

Максим Димитриевски следен од возило на МВР, застанат без образложение и земени документи: Ваква тортура не се правела никогаш, нека ви служи на чест

Денеска кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски идејќи да прими терапија кај својот матичен лекар е следен од возило на Министерството
за внатрешни работи подолг временски период на неколку улици. Тој е застанат веќе 15 минути без никакво образложение, земени му се документите и нема никакво образложение зошто е стопиран.

„Сакам од овде лично пред целата македонска јавност, на улица Лесковачка да видиме како работи полицијата на актуелниот министер Оливер Спасовски. Претходно бевме следени од возило на МВР подолг временски период на неколку улици, директно од возачот на началникот на СВР Куманово Стојанчо Величковиќ. Во моментов не застанаа на улица Лесковачка без никакво образложение. Ни ги земаа документите, веќе 10 минути имаме застој на улицата. Тука сум на јавно прометна површина го објавувам ова да види јавноста со кого си имаме ние работа во Куманово. Без никакво образложение, иако побарав од полициските службеници да се направи ред во сообраќајот, бидејќи во моментов и автобус и други возила не може да се движат по улица Лесковачка, сепак тоа е македонската демократија. Нека му служи на честа и на господинот министер, а нека му служи на честа и на мојот поранешен другар, бидејќи ова не личи на ништо. Ваква тортура не се правела никогаш во македонската јавност. Повторно граѓаните на Куманово ќе победат, поради ваквите недемократски принципи кои се спроведуваат. Потенцирам, снимам на јавно место, се снимам себе си за да нема никакви обвиненија дека сум снимал. Еве сега допрва даваат насоки, да се препаркира возилото и самите не знаат кое е објаснувањето зошто сме стопирани, заедно со лице кое ме придружува мене Дејан Димитриевски. Инаку тргнав да примам терапија кај мојот матичен лекар. Ова е застојот е еве дури сега го ослободуваат патот, а без никакво образложение не држат на улицата веќе 15 минути. Ова е срам за македонската демократија, срам за Оливер Спасовски. Еве како изгледа сообраќајот на оваа улица. Ова е врв на достигнувањата на МВРО кое отиде на квадрат. Ако мислите дека граѓаните ќе го поддржат ваквото дејствие и самовластие на поединци од власта кое го имаат узурпирано системот во државата тогаш нека ви служи на честа. Тука има голем број на сведоци што се се случува во моментов“, вели во видеото Максим Димитриевски.

Коронавирус