среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Вести

Максим Димитриевски ќе почне правна битка со Филипче

Максим Димитриевски ќе почне правна битка со Филипче

Ќе ги превземам сите правни дејства кои ми стојат на располагање против извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат бидејќи станува збор за класичен монтиран случај, реагира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски откако денес на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче и Директорката на државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирена Сотирова-Бухова ги презентираа наодите од контролата извршена во Куманово, објавува Независен Весник.

Контролата е направена  откако Димитриевски објави дека е позитивен на вирусот, само еден ден откако во посета на кумановскиот кризен штаб беа премиерот, неколку министри и претседателот на комисијата за заразни болести.

Според  Димитриевски јасно е дека надлежните институции направија многу пропусти, прекршија низа закони, пред се, со објавување лични податоци, во овој случај.

– Тоа што беше објавено денеска не е точно и за се имаме соодветна документација. Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба да биде. Ова е, повеќе од јасно, класичен монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејства. Ќе ги почитувам одлуките на институциите“, потенцира Димитриевски.

Инаку, Димитриевски ќе треба да плати казна меѓу 300 и 600 евра затоа што го напуштил домот, иако добил препорака за домашно лекување од коронавирус, соопшти денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова. Истото се однесува и на директорот на Регионалниот Центар за управување со кризи Горан Стојановски.

Тој порачува дека не станува збор за политичка пресметка, туку за различни ставови на Општинскиот кризен штаб и Кризниот штаб со кој раководи министерот за здравство Венко Филипче.

Начинот и условите во кои се земале брисовите на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и на останатите членови на Кризниот штаб, неправењето на епидемиолошки анкети, како и транспортот од страна на Итната медицинска помош до приватни лаборатории во Скопје, се дел од неправилностите кои се утврдени за време на двата вонредни инспекциски надзори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Коронавирус