вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Макрадули си бара оправдание: Не само ние туку и 90 отсто од граѓаните во ЕУ дишат загаден воздух

Макрадули си бара оправдание: Не само ние туку и 90 отсто од граѓаните во ЕУ дишат загаден воздух

Деведесет отсто од граѓаните во ЕУ дишат загаден воздух, изјави денеска заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Тој оваа „утеха“ за граѓаните на Скопје и на Македонија ја кажа на денешната дебата „Овој дом верува дека државата (не) презема соодветни мерки за справување со загадувањето“, што се одржа во Кино Фросина.

Макрадули рече дека Владата направила повеќе конкретни проекти за намалување на загадувањето, но тоа рече не е проблем само кај нас, туку во цела ЕУ.

-И 90 отсто од граѓаните на земјите членки на ЕУ дишат загаден воздух. Во скопскиот регион, битолскиот и Тетовско, најголем загадувач е домашното затоплување. Не постои механизам да го земете воздухот и да го однесете некаде. Но, денес го нема Казандол и Еуромакс, додаде Макрадули.

Најнови вести

Коронавирус