сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Макрадули откако изјави дека пошта има долг од 10 милиони евра, ги моли граѓаните да праќаат новогодишни честитки преку неа (ВИДЕО)

Макрадули откако изјави дека пошта има долг од 10 милиони евра, ги моли граѓаните да праќаат новогодишни честитки преку неа (ВИДЕО)

Управниот одбор на „Пошта на Северна Македонија“ на седница го усвои посебниот промотивен пакет на услуги за испраќање на празнични честитки и подароци, кој започнува да важи од 19 декемри годинава, заклучно со 15 јануари 2021 година.

„На овој начин, сакаме да ги повикаме сите да ни се приклучат, со цел заедно да ја обновиме традицијата на испраќање честитка или подарок по пошта! Но исто така, на крајот на годината, која ни го промени секојдневното функционирање, да предизвикаме радост и насмевки кај нашите блиски и сакани во земјата и низ целиот свет, повеќе од неопходни во време на пандемијата предизвикана од коронавирусот“, посочуваат од Пошта.

Оваа активност преку видео-порака ја поддржа и директорот на Пошта, Јани Макрадули, кој порача дека дека честитиките и подароците безбедно ќе стигнат до примателот.

Макрадули инаку пред неколку дена изјави дека Македонска пошта има долг од околу 10 милиони евра.

Генералниот директор на АД Пошта, Јани Макрадули изјави дека Владата и доделила на компанијата финансиски средства од буџетот поради загубите претрпени од пандемијата и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје. Тој потенцира дека главна цел во моментов е финансиско стабилизирање на АД Пошта.

– Во моментов главна моја цел и на Управниот одбор, е финансиско стабилизирање на компанијата. Елиминирање на непотребни трошоци, наоѓање  нови клиенти, повеќе инвестиции во рамки на решенија кои можат да ја подобрат финансиската состојбата, пред сè тоа е процесот на дигитализацијата, вложувања во животна средина, и на тој начин финансиското стабилизирање, но и враќање на репутацијата која порано ја имаше АД Пошта, се два приоритета на менаџментот. Средствата кои Владата ги дава за исплата на плати, ќе бидат насочени само за намената за која се дадени, подвлече Макрадули.

Вкупниот долг на АД Пошти е околу 10 милиони евра. Освен од тековното работење, има долг кој се влече и од минатото и не зависел од нејзиниот менаџментот, туку и од одлуки на Владата.

– Дел од тој долг, околу 2,5 милиони евра биле влог во акции во Поштенската банка, кои не стигнале до АД Пошта. Простувањето на долгови во два наврата од претходната Влада, на компании кои должеле на АД Пошта, се практично околу 7 милиони евра, кои не ги добила АД Пошта. Во јануари и февруари оваа година финансиското работење било стабилно, но со пандемијата, се јавува недостаток на средства во тековното работење. Околу 67 проценти од трошоците одат за плата. Ние ќе се обидеме тоа да го рационализираме, со прераспределба на вработените, за да можеме да генерираме нови приходи. По доаѓањето на новата банка очекувам финансиско стабилизирање, вели Макрадули.

Тој потенцира дека јавноста не е информирана за многу услуги на Пошта кои ги нудат приватни оператори.

– Ние сме и поефикасни и поевтини, но, не сме го изрекламирале тоа. Многу граѓани ќе испратат пакети, писма, поради ковидот. Ние им стоиме на граѓаните на располагање тоа да го направиме на најефикасен начин и најевтин, нагласи Макрадули, кој најави и вработување на доставувачи.

Коронавирус