недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 75
home Вести

Макпрес: Како во практика се изведува “дефокус на јавноста“ по дефиниција како од книга?

Макпрес: Како во практика се изведува “дефокус на јавноста“ по дефиниција како од книга?

Контроверзии во јавноста предизвикува интервјуто на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски дадено пред пет дена за емисијата „Стадион“ која се емитува на радиото Канал 77.

Веќе трет ден во медиумите а и на партиските прес-конференции Николоски е обвинет дека „ширел лажни вести“ поради неговата изјава со која на јавноста и соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ активно работела со земјите од Вишеград 4 за да спречат условот историја да влезе во заклучоците на ЕУ.

Анализата на МАКПРЕС ја пренесуваме во продолжение:

Тој нагласи дека во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ активно ги информирала своите пријатели што и се случува на Македонија. Николоски додаде дека сега сме во ситуација каде што Чешка и Словачка се поголеми македонски патриоти од Зоран Заев.

-Постои една група во ЕУ која се вика Вишеград 4, во којашто учествуваат Чешка, Унгарија, Словачка и Полска. Во четирите Влади ние имаме големи пријатели, од тие влади, три припаѓаат на Европската народна партија (ЕПП), а четвртата припаѓа на европските конзервативци, коишто се подесно од Европската народна партија, изјави Николоски.

Тој додаде и дека има други работи кои се сплет на околности, а јавноста не е информирана, како тоа што токму министерот за надворешни работи на Македонија, истиот ден кога Чешка и Словачка ги блокираа заклучоците на ЕУ, бил примен во Унгарија од страна на унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сијарто, а групата Вишеград 4 секогаш ги координира своите настапи.

Поенти од гостувањето на Николоски

Но, покрај оваа информација која и ја сподели на јавноста, Николоски во истата емисија обелодени скандал, афера, сомнежи за криминал и влијание, кој како сака нека го дефинира во однос на сопствеништвото на рудникот Иловица.

-Во тек на 2019-тата година со дозвола од Комисијата за заштита на конкуренција која што е владино тело „Еуромакс“ е продадена на сомнителна фирма регистрирана во Кајманските острови, веројатно луѓето никогаш и не слушнале за Кајманските острови, наречена „ Galena Resource Equities Limited “. Што е интересно? Интересно е дека таму каде што е регистрирана оваа компанија се регистрирани уште ни помалце ни повеќе уште 22.000 компании. И претседателот на САД, господинот Барак Обама во тоа време зборува дека се работи за најголемата шема за перење на пари, а тоа е оваа зграда во која што е регистрирана прилично малата компанија. А, во таа зграда се регистрирани ни помалце ни повеќе туку над 20.000 компании, нагласи Николоски.

Тој посочи дека и весниците низ Велика Британија како што е „Daily mail“ пишувале како претседателот Обама еднаш сугерирал дека „Ugland House“ како што се вика зградата симболизира нешто погрешно во однос на даночните раеви. И посочуваше дека во таа зграда има над 20.000 фирми. Дури велел дека тоа е или најголемата зграда во светот, а се гледа дека не е воопшто голема зграда, или се работи за најголемата шема за перење пари.

– На оваа адреса е регистрирана фирмата која што ја презема „Иловица“. Што е следно интересно? Таа фирма „Galena Asset Management “ во моментов поседува 53 отсто од Иловица. Значи станува доминантен сопственик со 53 отсто оваа фирма од Кајманските острови. Таа фирма „Galena Asset Management“ го поставува за директор на Иловица Иван Вутов, за кој што јасно вели дека нивни претставник во бордот на директори на Иловица ова е Иван Вутов. А, она што е интересно за Иван Вутов е дека е син на Цоло Вутов, еден од најбогатите луѓе во Бугарија, близок пријател на актуелната власт во Бугарија. А, за него е кажано дека во рамки на „Галена“ тој има доминантно учество односно овие 53 отсто, да поедноставам најверојатно се сопственост на Цоло Вутов – истакна Николоски.

Николоски рече дека Цоло Вутов го поставува својот син Иван Вутов за директор на Иловица. Интересно е тоа што од 2019-тата година завршувајќи со октомври оваа година кога влегува ова лице како директор на Иловица коинцидира со случајната одлука на Вишиот Управен суд кој што реши работата со Иловица да ја врати од почеток со цел таму да може да се копа, односно таму да има рудник.

Поставени прашања, недобиени одговори, координиран молк од власта, Димитров „исчезна“ од медиумите

Неколку дена претходно, при гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 а подоцна и на прес-конференција по обраќањето на Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски во Собранието, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски јавно постави две прашања.

Едното беше директно упатено до Никола Димитров а во однос на неговото фалење на новинари блиски до владините кругови дека успеал лично тој да го спречи Заев во намерата да потпише се што Бугарија бара.

-Сакам да го прашам Зоран Заев дали знае дека неговиот потпретседател оди низ Македонија и брифира новинари и креатори на јавното мислење дека тој, Никола Димитров е причината што не потпишал Договор со Бугарија? Односно Заев бил подготвен да потпише договор со Бугарија, меѓутоа Димитров го спречил и тоа успеал да го направи преку скопското крило на СДСМ, праша Николоски.

Второто прашање пак беше упатено директно до премиерот Зоран Заев во однос на неговиот план за промена на членовите на историската комисија со Бугарија, членови кои не се согласуваат ниту со неговите ставови и политики ниту со бугарските барања.

-Дали е вистина дека е Заев е незадоволен од работата на историската комисија и дали се прави обид да се компромитираат дел од членовите со цел комисијата да биде распуштена и да биде поставен нов состав од МНР што ќе потпише се што Заев ќе побара?, праша Николоски.

До денеска, ниту Димитров, ниту Заев не одговорија на овие прашања а Вицепремиерот за евроинтеграции речиси јавноста и да не памти кога последен пат е „виден“ во јавноста да одговара на прашања пред новинари додека во меѓувреме од неговиот кабинет до медиумите испраќаат само соопштенија за дадени интервјуа за странски медиуми или остварени разговори со негови колеги.

„Дежаву“ на политичкиот „лешинар“

– Политички „лешинар“ беше поентата на одговорот на тогаш се уште Министер за надворешни работи Никола Димитров на обвинувањата на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски дека владата крие документ според кој Бугарија отворено го условува датумот за преговори на нашата земја со ЕУ. Николоски тогаш истакна дека Македонија има нов сериозен проблем во интеграцискиот процес, затоа што Софија бара државата да се откаже од македонското малцинство и од македонскиот народ.

„Скандал од невидени размери е документот што Никола Димитров, под патронат на владата на Заев и на Спасовски, го крие од јавноста, а со кој Бугарија отворено го условува за датумот за преговори. Македонија има нов голем проблем во нејзините европски интеграции. Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, како и да се откаже од македонскиот јазик“, изјави Николоски.

Александар Николовски е политичарот кој од среде Собрание, за проектот Скопје 2014, со цел ум рече: “Ние сега првпат градиме македонски идентитет…Деновиве, со тактика на политички “лешинар”, небаре се радува и едвај чека да има лоши вести, токму истиот тој Николовски е повторно гласен во врска со Изјавата на Бугарија прикачена кон записникот на седницата на Советот за општи работи на ЕУ од 25 март, напиша Димитров на неговиот Фејсбук статус.

Додаде дека Николовски со ваквите тврдења покажува дека нема разбирање за начинот на кој функционира светот на дипломатијата, додавајќи дека станува збор за унилатерална толкувачка изјава.

-Се разбира, можно е Николовски толку и да разбира како функционира светот на дипломатијата, па да не знае дека во случајов станува збор за стриктно унилатерална толкувачка изјава што ги отсликува позициите на една земја членка на ЕУ – Бугарија, во која впрочем е јасно наведено дека тоа е видување на Бугарија (на на ЕУ!). Документ што самата Европска унија не го објави во пакетот со заклучоците. Притоа, оваа изјава нема никаков правен ефект врз содржината и опсегот на одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, му врати Димитров.

Осум месеци подоцна се поставува прашањето: Стави ли Бугарија вето на оддржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија? Условен ли е датумот за преговори на Македонија со ЕУ? Да не беа Чешка и Словачка ќе станеа ли барањата дел од Заклучоците на ЕУ? Кој шири лажни вести? Кој е политички лешинар?

Дефокус по дефиниција од книга

И кога сето ова погоре ќе се сублимира, се доаѓа до ситуацијата каде што на власта очајно и е потребен дефокус од суштинските работи кои Николоски им ги соопшти на граѓаните.

А како тоа изгледа во пропагандната машинерија на власта…

Николоски открива скандал и сомнежи за криминал во неговото гостување во Канал 77 а поврзани директно со премиерот Зоран Заев и рудникот Иловица, неколку денови претходно јавно поставува прашања, одговори не добива. И како што викаат книгите каде се опишани ПР стратегиите а и една наша стара „нападот е најдобра одбрана“ од нигде никаде и сосема случајно „во духот на независното новинарство“ одредени портали блиски до власта ја актуелизираат неговата изјава поврзана со активностите на ВМРО-ДПМНЕ, Вишеградската група и ветото на Чешка и Словачка на ЕУ заклучоците во кои првично беше ставено барањето на Бугарија за „погрешно толкување на историјата“.

Сликовито и практично објаснети, тие портали бараат изјави од амбасадори, па објавуваат индиректно дека Николоски „ширел лажни вести“, па веста ја превзема Медиумската информативна агенција, која патем од една прес-конференција на Премиерот Зоран Заев продуцира помеѓу 6-8 поенти или кажано со разбирлив и модерен јазик „спамира“ со вести за изјавите на Заев и која речиси многу ретко, освен ако не е координирано, превзема вести од други портали, па ги дистрибуира до сите нејзини клиенти/медиуми кои се претплатени за користење на нивните услуги, па излегува прес центарот на владеачката партија и обвинува за ширење на лажни вести, па се прават прилози на оваа тема на „независните“ телевизиски куќи, па утредента се повторува истата вест, малку видеоизменета и со една – две различни реченици за да изгледа освежено, па се активираат ботови на социјални мрежи, па излегува портпарол на СДСМ и бара оставка од потпретседател на опозициска партија!? итн, итн…

А истава постапка беше ли направена за сомнежите за криминал во рудникот Иловица? Побараа ли независните новинари изјави во врска со ова? Пренесе ли медиумската информативна агенција? Излегоа ли со соопштенија и прес-конференции од владеачката партија,м? Напиша ли некој за Димитров дека лажно го обвинил Александар Николоски во април месец оваа година дека шири „лажни вести“,м?

Е тоа во практика значи дефокус на јавноста стриктно држејќи се до дефиницијата опишана во книгите за односи со јавноста а целосно во служба на владината ПР машинерија во отсуство на конкретни проекти и резултати и целосен дебакл на Република Македонија и на меѓународен и на внатрешен и на економски и на здравствен план.

Коронавирус