понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 126
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„Макпетрол“: Владата одолговлекува, а може со уредба да ја изедначи акцизата на екстра лесното гориво со дизелот

„Макпетрол“: Владата одолговлекува, а може со уредба да ја изедначи акцизата на екстра лесното гориво со дизелот

Анализите во фиока, министрите за финансии и економија дополнително ќе одлучуваат за судбината на штетното екстралесно гориво кое влегува во земјата и ја загадува животната средина. Иако во втората половина на април најавија  дека за две до три недели ќе се знаат првичните резултати, еден месец подоцна без конкретен рок за предлог решение.

Експресно реагираше и нафтениот гигант „Макпетрол“ според кого владата предолго го одлоговлекува ова прашање.  Може да го затвори со уредба, а не да чека да заврши вонредната состојба и процесот да се одолговлече и да продолжи злупотребата на есктралесното гориво.

„Неизедначувањето на екстралесното гориво со дизелот ги оштетува граѓаните, Државата и компаниите кои работат со нафта и нафтени деривати. Граѓаните ќе продолжат да користат неквалитетно гориво кое содржи стопати повеќе штетни материи, Државата ќе има помалку средства во буџетот, а дистрибутерите ќе бидат оштетени поради можноста за шверц,“ се вели соопштението на „Макпетрол“ А.Д.

На министерот за економија,пак, во чијшто ресор се носат правилниците не му се брза и нема намера да ги изнанеди корисниците на екстралесното гориво ако тоа се укине или драстично поскапи заради изедначената акциза со дизелот. Прво анализите, а после одлука, категоричен е Бектеши.

Под превезот на потребата на домаќинствата за есктралесно од 5 милиони литри, во државава се узвезуваат 55 милиони литри е наведено во наодите на регулаторната комисија за енергетика. Вишокот од 50 милиони завршува во резервоарите на возилата како замена за  дизел, а од пониската акциза за екстралесното државата губи по 11 денари од литар гориво. Проценките се дека  буџетот губи околу 30 милиони евра годишно – анализираат енергетските институции во земјава. Па, оттука „Макептрол“ прашува зошто владата не си го штити интересот и дозволувао громни загуби.

„Дополнително, зачудува фактот што Државата продолжува да се задолжува со дополнителни средства со цел да обезбеди средства за спасување на економијата, а притоа не покажува интерес и желба, преку регулација на пазарот, да ги наплати давачките кои и следуваат,“ стои понатаму во дописот од „Макпетрол“ А.Д.

Но, освен финански импликации кои се на штета на буџетот екстра лесното има и негативни последици врз животната средина бидејки има  100 пати повеќе сулфур од обичниот дизел и е сто пати поголем загадувач. Со оглед на тоа што вонредната состојба трае до 30ти мај доколку не биде продолжена нова се наметнува дилемата дали владата  воопшто сака брзо решение за овој долгогодишен проблем од кој најмногу страдаат буџетот и здравјето на граѓаните.

Извор: ТЕЛМА

Коронавирус