четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 73
home Вести

Макпетрол АД со донација за УК за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, продолжува да помага во здравствениот систем

Макпетрол АД со донација за УК за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, продолжува да помага во здравствениот систем

Макпетрол АД, како општествено одговорна компанија, во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ донираше автоматска лизгачка врата со цел да се зголеми заштитата од пренесување на вирусот COVID-19 на пациентите и вработените.

„Пред неколку дена, на наше огромно задоволство се промени изгледот на влезниот портал на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Благодарение на поставување на две паралелни сензорски врати со изолаторен дел помеѓу нив. Во тој дел, а во дадениот момент на кризата со коронавирусот ќе се врши адекватна подготовка за преглед и прием на пациенти, со мерење на температура и земање на епидемиолошка анкета. Оваа донација е спроведена со помош на донација од компанијата Макпетрол АД. Од мое лично име и од името на целиот колектив им укажувам длабока почит и благодарност. Карактеристика за ситуацијата во државата е дека се поголем број на компании и поединци учествуваат во активно помагање на здравствениот систем во земјата, што е од големо значење за справување со кризата предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19“. – изјави Љубен Асенков, в.д. директор на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Нивната заложба за потпомагање на здравствениот сектор во нашата држава и полесно справување со пандемијата од коронавирусот се покажа и преку донирање на потребна соодветна медицинска опрема во износ од 3.200.000,00 денари на Министерството за здравство, како и ставање на располагање на хотелот Макпетрол во Маврово, кој служи како државен карантин за граѓаните кои се вратија од странство во својата татковина

Коронавирус