понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 89
home Вести

Макфакс: Штипските судии процениле дека казната за градоначалникот-шверцер е престрога

Макфакс: Штипските судии процениле дека казната за градоначалникот-шверцер е престрога

Штипските апелациски судии Славчо Тасев, Данка Ристова и Весна Димитриевска во образложението на пресудата за градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев и останатите осудени лица за обидот за шверц на цигари, напишале дека струмичкиот суд кој им изрече повисоки казни на обвинетите, ги преценил отежнувачките околности, а не ги ценел олеснувачките, пишува Макфакс.

Во пресудата до која дојде „Макфакс“ штипските апелациски судии напишале дека нивните струмички колеги недоволно ценеле дека сите обвинети, со исклучок на градоначалникот Боро Стојчев, досега не биле осудувани. Но, и покрај фактот што Стојчев извршил ново кривично дело, судот заклучил дека двете дела се различни, па за две третини му ја намали казната.

„Првостепениот суд во недоволна мера ги ценел олеснувачките околности, а ги преценил отежнувачките, поради што и во конкретниот случај неосновано прифатил дека изречените кривични санкции, како во изреката на првостепената пресуда, одговараат на видот и тежината на стореното кривично дело и дека со нив ќе се постигнат целите на казнувањето“, напишале судиите во образложението на пресудата.

Целиот текст може да го прочитате на Макфакс

Коронавирус