понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

„Макфакс“: ЕЛЕМ за два месеца доделил 3 милиони евра без тендер

Електрани на Македонија велат дека поради раскинување на договорот со фирмата „Трансмет“, која се повлекла од добиениот тендер, биле принудени итно да склучат договор со фирмата „Пелистер“.
„Макфакс“: ЕЛЕМ за два месеца доделил 3 милиони евра без тендер

ЕЛЕМ во итна постапка, без претходно да распише оглас за тендер на приватната фирма „ДГУ Пелистер„ од Битола ќе и плати 2,5 милиона евра за ископ на јаглен. Договорот  е потпишан на 12 месеци, а на интернет страницата е потпишан за јавни набавки е потпишан вчера.

-Нераспишувањето на оглас поради како што е наведено „итност на постапката“ ЕЛЕМ ја оправдува бидејќи не можеле да предвидат пропусти и тврдат дека ако постапката била спроведена по регуларен пат, тие немало да ја произведат потребната електрична енергија во ТЕ Битола. Банкарската гаранција што ја дала фирмата што ќе го ископува јагленот изнесува околу 3000 илјади евра, пренесува Макфакс.

Ова е втор договор на ЕЛЕМ во период оф два месеца за ангажирање механизација без претходно да објави оглас. Првиот договор изнесува 550 илјади евра. Со ова за два месеца ЕЛЕМ на приватни фирми преку итни договори им инкасирала повеќе од 3 милиони евра.

Сабина Гакиќ од Центарот за граѓански комуникации вели дека ваквите договори со „крајна итност“ говорат за лошото планирање или, пак, свесно се создаваат. Тааа додава дека ваквите договори не овозможуваат учество на сите фирми на тендерот и го доведуваат во прашање еднаквиот третман на фирмите, кој е еден од основите принципи во јавните набавки.

-Двата договора се склучени во период кога е укината законската обврска за добивање согласност за примена на оваа нетранспаретна постапка. Ова, секако, упатува на потребата да се разгледа можноста во новиот закон за јавни набавки да се воведе обврска при склучување овој вид договори институциите да бараат согласност од Бирото за јавни набавки. Општо гледано, со оглед на тоа што АД „Електрани на Македонија“ годишно троши по неколку десетици милиони евра за ангажирање механизација и работници од приватни компании, непходно е итно да се отвори прашањето на целисходноста на ваквите трошења и да се направи студија која ќе треба да одговори на клучното прашање – дали вака избраниот модел е најоптимално решение и дали обезбедува рационално и ефикасно трошење на јавните пари или ЕЛЕМ треба да купи своја опрема за ископ на јаглен, вели Факиќ за „Макфакс“.

Податоците на Центарот за граѓански комуникации од 2017 година го потврдуваат фактот дека „итноста“ станала пракса кај државните фирми. Изминатата година склучени се 483 договори со итна постапка, сите во вредност од 39.994.617 евра. Овој податок е поразителен имајќи предвид дека сумата е 15 отсто поголема од 2016 кога изнесувала 35 милиони евра.

-За овие договори институциите наместо да објават јавен оглас за сите компании да знаат за набавката, испраќаат покани за преговарање само до оние компании што самите ќе ги изберат, пишува порталот  Макфакс.

ЕЛЕМ: Ќе избереме нова фирма за ископ на јаглен во следните три месеци, оваа е привремена

Електрани на Македонија велат дека поради раскинување на договорот со фирмата „Трансмет“, која се повлекла од добиениот тендер, биле принудени итно да склучат договор со фирмата „Пелистер“.

„Поради таквата ситуација настана застој во ископот на јаглен во РЕК Битола, по што ЕЛЕМ пристапи кон распишување нов тендер за ископ, а периодот од три месеци до избор на нова фирма на тендерот, се покри со склучување привремен договор со една од фирмите кои беа поканети во РЕК Битола да ги изнесат своите понуди и да понудат услови за ископ на јаглен во наведениот привремен период“, велат од ЕЛЕМ.

Како што велат, договорот со новата фирма која ќе добие 2,5 милиона евра не може да трае подолго од една година, бидејќи акционерското друштво не можело да го предвиди времетраењето на тендерските постапки за избор на нов ископувач на јаглен.

„Наведено е дека важноста на договорот со „Пелистер“ прекинува кога на тендерот кој е распишан, преку јавна е-аукција ќе биде избрана нова фирма за ископ на јаглен за РЕК Битола, што се очекува да биде реализирано во следните три месеци“, додаваат од ЕЛЕМ.

Според нив, ова не е резултат на лошо планирање или свесно креирана ситуација.

Коронавирус