сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 52
home Вести

Македонското МНР со тивка реакција за вчерашните случувања во Солун

Македонското МНР со тивка реакција за вчерашните случувања во Солун

Од МНР соопштуваат дека „ Владата на Република Македонија продолжува искрено да ги гради мерките на доверба со Република Грција, со цел достоинствено да придонесе кон решенија на отворените прашања во интерес на граѓаните на двете земји“.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија е уверено дека целиот регион и нашите две земји се на вистинскиот пат на доброседство кој ќе резултира со исполнување на евроатланските интеграции на нашата земја, како и стабилност и економски развој на целиот регион. За жал сѐ уште се случуваат изолирани инциденти како денешниот во Солун (21.01- н.з), предизвикани од поединци и групи кои сѐ уште живеат во минатото и во политиките на конфронтација и национална изолираност, чии активности ги осудуваме како политики на омраза и нетрпение. Мнозинството граѓани сакаат да развиваат блиски и пријателски односи со што придонесуваат кон унапредување на соработката и перспективите меѓу двете земји“, се вели во соопштението на македонското МНР.

Коронавирус