четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 196
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба

home Вести

Македонско дежа ву: СДСМ ја прислушува опозицијата?

Македонско дежа ву: СДСМ ја прислушува опозицијата?

Веќе нема никакви дилеми дека опозицијата е прислушувана од страна на безбедносните институции. Две години по почетокот на реформите во безбедносниот систем не е направен суштински чекор напред и поранешната УДБ-а, УБК, а актуелна Агенција за национална безбедност се уште има технички можности за прислушкување на телефонските разговори, што е спротивно на новите реформски закони.

Она што е најстрашно е што ни АНБ, ни техничкиот премиер и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не го дематираат она што вчера го изнезе министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, пишува Република.

Чулев објави дека поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање сега Агенција за национална безбедност незаконски се‘ уште има можност да прислушува затоа што оптичкиот кабел, кој наместо од Оперативно техничката агенција (ОТА) директно да оди до МВР, продолжува и до АНБ.

Тој го повика надлежното Јавно обвинителство да го истражи овој сериозен случај и по допрен глас да утврди евентуална одговорност за неспроведување на законот и да утврди, како што рече, која е одговорноста на доскорашно

Кој стои позади фактот дека АНБ се уште го држи монополот во системот на следење на комуникации и дали тоа сценарио е креирано и спроведувано од  одредени политички структури. Агенцијата за национална безбедност се уште е дел од системот за следење на комуникации на начин спротивен на Законот, односно се уште има можност за пристап до сите телефонски разговори кои се предмет на оперативна  обработка од страна на МВР праша Чулев

Дека опозицијата веќе подолго време е мета на прислушување се пожалија првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Алексанндар Николоски.

Николоски објасни оти се плашат дека некој може да ги уништи доказите и најави дека ќе ги чуваат за после изборите да ги достави до комисиите во Собранието кои вршат надзор врз ОТА и АНБ, пишува Република.

Оригиналниот текст погледнете го на овој линк.

Парламентарни избори 2020