среда, 20. март 2019. Вести денес: 113
home Вести

Македонските војници ќе можат да вежбаат на полигоните во Бугарија

Македонските војници ќе можат да вежбаат на полигоните во Бугарија

Војниците на АРМ и цивилните служби на Министерството за одбрана на Северна Македонија ќе можат да ги користат воените полигони во Бугарија.

Како што пишуваат бугарските медиуми, договорот за соработка го потпишале заменик-министерот за одбрана Анатолиј Величков и државниот секретар на Министерството за одбрана на Северна Македонија Драган Николиќ.

На средбата Величков и Николиќ разговарале за прашања поврзани со воено-техничката соработка и за стратегискиот преглед на одбраната во Северна Македонија. Соговорниците ја разгледале можноста за формирање на билатерална комисија за истражување на воени споменици и гробишта на територијата на Република Северна Македонија.

Од бугарското Министерство за одбрана била изразена и подготвеност за обука на воени лекари од Северна Македонија во рамките на курс во Военомедицинската академија.