недела, 20. септември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Македонските телевизии со одговор до АВМУ: Непријатно сме изненадени што регулаторот не прави јасна дистинкција

Македонските телевизии со одговор до АВМУ: Непријатно сме изненадени што регулаторот не прави јасна дистинкција

Членките на ММА денеска се зачудија од соопштението за јавност издадено од АВМУ, во кое АВМУ ги потсетува радиодифузерите како треба да се однесуваат со содржините кои се дел од платената јавна пропаганда.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост: 

Членките на ММА се сосема свесни за начинот на кој треба да се емитува јавната пропаганда за претстојниот референдум, и се одлучни во целост да ги почитуваат законските норми.

Од друга страна членките на ММА се непријатно изненадени што регулаторот не прави јасна дистинкција меѓу јавна пропаганда за референдумот и комерцијални кампањи, и што сосема различни работи сака да ги подведе под исто. Станува збор за кампањата на ЕУ која е дел од еден постојан континуитет на кампањи на ЕУ. Кампањи со ваква содржина ЕУ имаше и пред кампањата за референдум, а најавени се слични кампањи и откако ќе заврши референдумот. Овие информативни кампањи на ЕУ не се, и според ниту еден критериум не можат ниту блиску да бидат подведени под јавна пропаганда.

Затоа и овие кампањи на националните телевизии се емитуваат во комерцијални блокови под услови договорени во секоја телевизија одделно уште во 2017 година, временски период пред воопшто да знаеме дека ќе биде распишан референдум, и секогаш биле емитувани, и ќе се емитуваат и натаму во комерцијалните блокови под претходно договорени услови.

Како што е познато, содржините од јавната пропаганда се емитуваат во посебен програмски појас по единствена и привилегирана цена која не смее да надминува просечна цена на телевизиите во изминатите 3 месеци работење, и тие планираме да ги одвоиме со посебен џингл и на секоја од нив да стои нарачател. Бидејќи кампањата на ЕУ не спаѓа во оваа категорија, ниту пак АВМУ понуди било каков аргумент, зошто оваа кампања би требала да биде дел од јавната пропаганда, соопштението на АВМУ во врска со кампањата на ЕУ, ММА го цени како целосно беспредметно.

Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма

Коронавирус