сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 41
home Вести

Македонските стартап компании ќе се претстават пред германската индустрија

Македонските стартап компании ќе се претстават пред германската индустрија

Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ денеска и утре ќе им овозможат на компаните, преку програмата „Betapitch“, да добијат менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја.

Главниот оперативен директор на „Бетахаус“, еден од клучните чинители на берлинската стартап-сцена, ќе учествува на ексклузивна презентација на бизнис-идеи од страна на македонски стартап-компании.

Избраните 10 до 12 стартап-компании, кои ќе бидат дел од менторирањето, во просториите на ИНОФЕИТ, на Факултетот за електротехника и информациски технологии, ќе може да ги презентираат своите идеи пред главниот оперативен директор на „Бетахаус“.

Најдобриот стартап ќе добие бесплатно патување на „Betapitch Global & Investors Day“ на 15 ноември 2018  во Берлин, каде што ќе може да ја презентира својата идеја-продукт пред германската индустрија и да изгради деловни односи со стартап-скаути од сите поголеми германски мултинационални компании. (МИА)

Коронавирус