сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 35
home Вести

Македонските политичари активни на социјалните мрежи, само еден од нив нема профил

Македонските политичари активни на социјалните мрежи, само еден од нив нема профил

Голем дигитален раст на моментлантиот пратенички состав во државата. Од вкупно 120 пратеници, 119 биле присутни на најмалку еден социјален медиум во 2020 година. Само еден пратеник не користел социјален медиум. Носителите на извршната власт, претседателот и Владата биле во целост онлајн, додека бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми се зголемил за три, споредбено со 2019 година и изнесува 74 од вкупно 81. Ова го покажу Анализата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи.

Според специјалистот за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов бројките се многу подобри во споредба со 2019 година, но се уште политичарите треба да знаат дека дигителните медиуми служат и за двонасочна комуникација, граѓаните се тие кои треба повеќе да прашуваат, политичарите повеќе да слушаат и спроведуваат.

На социјалната мрежа инстраграм 2020 година активности имале имале 35 пратеници, додека Твитер за свој начин на комуникација со граѓаните го користат 26 народни избраника. Раст во онлајн комуникацијата со граѓаните има и кај Владата .Од вкупниот број на министри на Твитер биле активни 15, а на Инстаграм 14 министри. Во 2019 година, 24 од 26 министри користеле Фејсбук. девет членови на Владиниот кабинет биле истовремено активни на Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Сепак според Кордалов во услови на пандемија политичарите треба да сватат дека немаат избор да бираат дали да бидат дел од социјаклните медиуми или не, туку тие треба да се трудат што повеќе да им бидат достапни на граѓаните на кои им служат.

Кај претседателот на Републиката, Анализата покажува позитивно непроменет резултат. И во 2020 година, како и претходната, претседателот бил истовремено присутен со своја официјална веб страна, како и онлајн активности на Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Активни на социјалните мрежи биле и градоначалниците. Од вкупно 81 градоначалник, 77 биле активни на Фејсбук во 2020 година, бројка која е за три градоначалници зголемена споредено со 2019 година.

Најнови вести

Коронавирус