недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 55
home Вести

Македонските полицајци добиваат боди камери со кои ќе се снима секој нивни потег

Македонските полицајци добиваат боди камери со кои ќе се снима секој нивни потег

Полицајците во земјава ќе имаат боди камери, односно камери кои ќе се поставуваат на нивната униформа, преку кои постојано ќе се следат, прво како се однесуваат на терен, а второ така и ќе се намали можноста за корупција.

Ова е заеднички проект со амбасадата на САД.

Оваа новина ја открива министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

Ние направивме еден таков пилот-проект, заедно со Амбасадата на САД, со поддршка на Владата на САД, преку целосна донација на такви боди-камери, прво за т.н. автопатска полиција. Таа функционира од 2016 година. Сега правиме имплементација во сите полициски станици, за безбедност во сообраќајот на патиштата, во сите сектори за внатрешни работи. Веќе се инсталирани во Тетово, Куманово, Скопје итн. Што значи користењето на боди-камерите? Прво, значи многу попрофесионално и со повисок интегритет однесување на полициските службеници, затоа што целокупната нивна активност преку боди-камерите, ќе биде забележана и снимана. Исто така е многу важна и за граѓаните. И односот на граѓаните и односот на полициските службеници се менува. Секако дека тука се создава и една бариера за неможност за било каков вид на корупција. И тоа е еден од механизмите со кои ќе се бориме и понатаму. Така што секаде каде чувствуваме дека има потреба од такво нешто и во другите делови на МВР, ќе пристапиме кон таа активност“, вели Спасовски во интервјуто.

Коронавирус