четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Македонскиот „Мој термин“ кој за СДСМ беше пречка ја унапреди Србија

Македонскиот „Мој термин“ кој за СДСМ беше пречка ја унапреди Србија

Македонското здравство во надолна линија, a соседна Србија од последно рангирана на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (EHCI-Euro health consumer index) ја помина Македонија. И тоа успехот на Србија се должи на тоа што од Македонија го презема системот Мој термин.

Практично на најновото рангирање на Eвропскиот здравствен потрошувачки индекс, македонското здравство годинава доживеа дебакл. Србија која на минатите рангирања се наоѓаше меѓу последните сега е на две места повисоко од нас.

Најтрагично е што успехот на Србија се должи на имплементирањето на македонскиот пример за електронскиот систем Мој термин.

Овој сиситем СДСМ не го признаваше и жестоко го критикуваше додека беше во опозиција. Минатата година овој период СДСМ излезе во јавноста со критика дека Мој термин наместо реформа, претставува пречка во лекувањето. Или онаму каде што другите гледаа пример како треба да се  работи, СДСМ гледаше пречка.

По примерот на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, така оди и актуелниот министер Венко Филипче, еднашсе кажува едно, после сосема друго што покажува дека се нема програма за работа. Сега министерот од редовите на СДСМ не гледа пречка, туку најавува надградба на системот Мој термин.

Откако европските показатели велеа дека има прогрес во македонското здравство и притоа го посочуваа проектот Мој термин, Србија во 2016 година кај нас прати и свои луѓе да видат како функционира системот. За тоа јавуваа и тамошните медиуми. Македонскиот Мој термин беше вест на јавниот радиодифузен сервис во Србија, РТС.

Освен РТС, за ова пишуваше и белградска „Политика“. Во 2016 година, советникот во министерството за здравство, Мирослав Певац зборува за ефикасноста на македонкиот Мој термин.

Системот Мој термин во 2013 година е посочен како реформа која се препорачува да се спроведе и во други европски земји. Благодарение на имплементацијата на системот Македонија го оствари историски најголемиот напредок од 11 места на овој индекс во 2014 година.

Кога ќе се погледне извештајот за оваа година за Македонија ги содржи истите податоци од претходно, што значи дека во македонското здравство изминатава година не е ништо реализирано.

Европскиот здравствен потрошувачки индекс практично ги рангира државите, поточно здравствениот систем во државите во Европа, односно колку тој е ефикасен.

Најнови вести

Коронавирус