сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Македонскиот јазик треба да го чуваат лектори кои ќе ги има во сите институции

Македонскиот јазик треба да го чуваат лектори кои ќе ги има во сите институции

Потребно е да се воведе предмет наречен „Култура на говорот“ или „Изразување и пишување“. Нашата средина треба да биде доволно описменета за да може да се изрази како што треба. Ние поддржуваме вработување на лектори во сите институции. Треба да постои и тело, дали ќе го наречеме советодавно, дали ќе го наречеме одделение за стандардизација, не е толку важно. Важно е тоа да ги прегледува зборовите кои се нови и да оцени и да каже дали се или не во духот на јазикот. Овие предлози во насока на чување на македобннскиот јазик ги даде Елена Јованова-Грујовска, директор Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ говорејќи на јавната дебата за употреба на македонскиот јазик.

Дека се потребни лектори во институциите посочи и универзитетската професорка Искра Пановска-Димкова.

– Беше споменувано, а не го гледам тоа во Законот дека треба да има лектор во сите јавни институции. Дали тоа ќе биде во форма на вработување, или ангажирање од страна на повеќе институции на еден лектор не е толку важно прашање е на договор. Тука сметам дека тоа треба да се предвиди во Законот. Во овој закон треба да се стави и член за правилниот изговор или сметам дека треба да има обука за сите лица кои имаат јавен настап, тука пред се подразбира на електронските медиуми. Исто така предлагам и обука за претставници на сите власти, за да изговорот не биде толку лош како што го слушаме во моментов, вели професорката. Таа се осврна и на тоа дека треба задолжителното изучување на македонскиот јазик на високо образовни институции.

-Сметам дека и тоа треба да се направи со промеа на Законот за употреба на македонскиот јазик. Македонскиот јазик се изучуваше на наставните факултети, но никогаш не се изучувал на сите факултети, а лично сметам дека има голема потреба од тоа. Зошто да не учат и медицинари и стоматолози барем една година, вели Пановска-Димкова.

Коронавирус